Дали се сметаш себеси за креативна нинџа? 450 views

Доколку се сметаш за креативна нинџа со Adobe вештини и имаш желба за работа во тим со сродни души (по креативна линија) ич да не се мислиш, одма клик сенд на твоето CV и портфолио. Откако ќе ни долета твојот меил те бараме да пиеме кафица и да ни се пофалиш за твоите нинџа ударци зададени врз проектите шо ги имаш работено до сега.

Пред да кинисаш накај нашиот офис на кратко ќе ти брифираме што нудиме:

– Почетна нето платичка од 24.000 денари (како расне работата така расне и платичката за да стане плата)

– Офис у скандинавски стил со позитивна енергија (исто ко да не си во Македонија)

– Кафица (Nesscafe или Турско – твојата желба наш заповед)

– Работно излежавање од 08 до 16 часот – 5 дена во неделата (пошто викенд заглавуваме у диско или пешачиме на планина)

– Билдање на твоето знаење преку учество на разни креативни дешавки (клише семинари и обуки)

А, да, заборавивме:

– Работно искуство не го мериме во години туку во дела (пошто некои луѓе цел живот работат па ништо не сработиле)

– Ептен ќе не израдуваш ако ни кажеш дека владееш со Illustrator, Photoshop, InDesign (програмирање е за програмери)

– Не бараме да имаш возачка дозвола за кола или шлепер (на работа можеш да си дојдеш како ти душа сака)

– Емоционално сме врзани за амбалажата (таа не е отпадок, туку уметност која го шитка производот)

– Цениме одговорност и лојалност (човек што не се почитува себе, ни другите не ги почитува) 

– Поштуваме организираност (се трудиме да не летаме како муви без глава)

И за крај:

Прати ни меил со твоето CV и портфолио (link/web/pdf/zip – какво имаш, такво) на hello@rbaa.mk
*инаку вебот ни е ундерКОНСТРАКШН па затоа е таков црно бел

Вечно Благодарни за одвоеното време.

Поздрав,
Се гледаме на работа!

R/BA Advertising

Share this job
Advertising Agency
Connect with us http://rbaa.mk